Турбини

Ремонт и Монтажа на Турбини

Компанијата располага со високо специјализиран и докажан стручен тим со долгогодишно практично искуство во изведба на сложени монтажни и капитални ремонтни активности на парни, гасни и хидро турбини. Нашето работење е насочено кон технички комплексни енергетски системи, каде прецизноста и сигурноста се клучни фактори.

Активностите опфаќаат демонтажа и монтажа на турбински агрегати, високо прецизно центрирање, ласерски мерења, детална техничка дијагностика и комплетно пуштање во работа. Секој зафат се изведува дисциплинирано, според строги технички процедури и безбедносни стандарди.

Изведуваме

Монтажа на нова опрема

Капитални ремонти

Ревитализација и модернизација

Дијагностика и сервис

Центрирање и мерења

Демонтажа и монтажа на ротирачка опрема

Scroll to Top